Tumgik
kulturenradar · 10 years
Text
Животот на едно двегодишно девојче кое расте со родители-зависници од дрога
Руската фотографка Ирина Попова направила еден контроверзен проект наречен „Another Family“, со кој навлегува во животот на едно семејство кое живее во мрачно подрачје на модерна Русија. Таа го фотографирала семејниот живот на 2-годишната Анфиса и нејзините родители-зависници, со тоа поттикнувајќи нѐ да се запрашаме: Дали таа била само непристрасен набљудувач или морала, како секое човечко битие, да интервенира во животот на малото девојче?
Tumblr media
Проектот започнал кога Ирина наишла на мајката на Анфиса, Лила, на улиците на Сент Петербург во 2008. Лила била многу пијана, а имала бебе во количката. Но, на предлогот на Ирина за фотосесија, Лила веднаш се согласила, па дури и ја поканила фотографката во нивниот стан. Таму Ирина го запознала момчето на Лила, Паша. Фотографката поминала 2 недели во нивниот запустен стан, каде што невенчаниот пар постојано се забавувал.
Суровите и провокативни слики зборуваат за опасностите од негрижата за детето, но и за семејната љубов која ни дава сила да издржиме, понекогаш дури и во иста фотографија.
Фотографиите го привлекоа вниманието на многумина на интернет, кои бесни заради негрижата на родителите кон ова дете, побараа девојчето да биде отстрането од оваа опасна околина.
Во продолжение фотоприказната за малата Анфиса.
Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media
1 note · View note
kulturenradar · 10 years
Text
Чарлс Буковски: Мора да умрете неколку пати, пред да почнете да живеете
За разлика од многуте совети за среќата и животот кои често може да ги сретнете и да ви ја стоплат душата или да ве утешат, понекогаш потребно е да ја слушнете другата страна.
Tumblr media
Додека сите практикуваат да бидат нежни и позитивни, големиот Чарлс Буковски е брутален, но реален.
Тој знае да ви ја плесне вистината пред очи, да го слушнете и она што можеби не сакате, но длабоко во себе знаете дека е во право.
1. Не се задоволувајте со мали работи
„Го сакав целиот свет или ништо“.
2. Сакајте се себе
„Никогаш не сум сретнал друг човек кој би посакал да бидам. Па дури и ако е тоа измама, прилично е среќна“.
3. Не се плашете од болката, без болка не можете да доживеете среќа
„Мора да умрете неколку пати, пред да почнете да живеете“.
4. Бидете апсолутно единствени и покажувајте го тоа бесрамно во сè што правите
„Подобро е да направите нешто досадно, но со стил, отколку нешто опасно, а без стил“.
5. Посилен си од тоа што мислиш
„Понекогаш се извлекувате од креветот наутро мислејќи: -Денес навистина не можам, но однатре се смеете на сами себе бидејќи многу пати претходно сте се чувствувале така...“
6. Не се плашете од смртта
„Ја носам смртта во левиот џеб. Понекогаш ја вадам и ѝ зборувам: -Еј, душо, како си? Кога доаѓаш по мене? Ќе бидам подготвен“.
7. Имајте верба во себе
„Проблемот со светот е тоа што интелигентните луѓе се секогаш полни со сомнежи“.
8. Постојат полоши работи од самотијата
„Има полоши работи во животот од самотијата, но често се потребни децении за да го сфатиме тоа. Тогаш најчесто е веќе предоцна, а ништо не е полошо од „предоцна“.
„Не сум бил мизантроп, туку сум сакал да бидам сам. Се чувствував добро кога седам сам во мала просторија, додека пушам и пијам. Секогаш сум си бил добро друштво на самиот себе“.
9. Живејте го животот со полни гради
„Не е страшна смртта, туку животот кој го живеат луѓето до својата смрт“.
„Некои луѓе никогаш не полудуваат, она што е вистински страшно е тоа какви животи всушност живеат“.
10. Љубовта убива
„Пронајди го она што го сакаш и дозволи да те убие“.
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Како изгледаше еден обичен ден во 1999?
Не беше така одамна, но сепак многу работи се променија. Смартфоните, интернетот и уште многу модерни технологии со себе ја земаа едноставноста на животот.
Tumblr media
Затоа, на барем неколку минути потсетете се како ви изгледаше еден обичен ден во 1999та...
Неуморно игравте Snake на зелен екран на Nokia
Tumblr media
Рачно ги премотувавте VHS касетите
Tumblr media
Во училиште правевте забелешки од ваков проектор
Tumblr media
Пријателите ги слушавте исклучиво преку домашен телефон
Tumblr media
Сите Word документи ги чувавте на флопи дискета
Tumblr media
Слушавте музика на вокмени и дискмени
Tumblr media
И купувавте тинејџерски списанија
Tumblr media
Чекавте интернетот да се приклучи повеќе од 10 минути кои беа проследени со чудни звуци
Tumblr media
Дали би се вратиле назад?
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Зошто Сократ бил мудар?
Во Стара Грција, Сократ важел за човек кој го цени знаењето. Еден ден познаник му пришол и му рекол: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?“
  „Чекај малку“, му одговорил Сократ: „Пред да ми кажеш било што, сакам да ти направам мал тест. Се вика тест со троен критериум.“
„Троен критериум?“, запрашал познаникот.
„Токму така“, продолжил Сократ: „пред да почнеш да ми кажуваш било што за мојот пријател, би можел за момент да размислиш дали тоа задоволува одредени критериуми.“ Првиот критериум е „вистина“. „Дали си потполно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?“
„Не“, одговорил познаникот, „само што слушнав и...“
„Добро“, рекол Сократ: „значи, не си потполно сигурен дали е тоа вистина или не. Да видиме сега следниот критериум „добро“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро?“
„Не, напротив...“
„Значи“, продолжил Сократ: „сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си сигурен дали е точно. Се уште можеш да поминеш на тестот, затоа што има уште еден критериум – „корист“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател, ќе ми биде корисно?“
„Не, не баш.“
„Па“, повторно рекол Сократ: „Ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто воопшто би ми кажал такво нешто?“
Ете зошто Сократ бил голем мислител и ценета личност во Стара Грција.
Ова исто така објаснува зошто никогаш не дознал дека пријателот спие со жена му.
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Еве како звучи хитот на Фарел Вилијамс “Happy” без музика
До сега веќе сите го имаат слушнато хитот на Фарел Вилијамс „Happy,“ и тоа во неколку варијанти.
Tumblr media
По оригиналот, прво се појави тажниот ремикс, а потоа почнаа да се појавуваат видеа на кои луѓето низ светот танцуваат на оваа песна.
И сега на ред е да ја слушнеме песната како звучи без музика. Да, токму така, целата музика е извадена, оставено е само пеењето и звуците.
Резултатот е интересен, погледнете и сами.
Видео: http://www.youtube.com/watch?v=FPWgRbBTBwA
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Еден на еден: Најдобрите моменти од сите 27 епизоди!
Ќе се потсетиме на гостувањата на Драган Бјелогрлиќ, Игор Џамбазов, Даниел Кајмакоски, Катарина Ивановска, Сергеј Самсоненко, Жељко Самарџиќ, Влатко Стефановски и многу други, како и на извонредните скечеви и пародии што Жаре и екипата ги направија оваа сезона.
Видео: http://www.youtube.com/watch?list=PL9nZ6LtFsozVvweO7YJ6w_1_lZJp9N56N&v=HprGzN_qdlQ
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Заврши 5-та сезона Еден на Еден!
Минатата недела заврши петатта сезона од Еден на Еден со извонредна епизода во која екипата ги прикажа најинтересните моменти од сите 27 епизоди во кои гостуваа ѕвезди како Драган Бјелогрлиќ, Игор Џамбазов, Даниел Кајмакоски, Катарина Ивановска, Сергеј Самсоненко, Жељко Самарџиќ, Влатко Стефановски Јелена Розга и многу други.
Tumblr media
По тој повод, авторот и водител на најгледаното ток шоу кај нас, Жарко Димитриоски напиша многу интересен текст во негов стил, каде раскажува разни анегдоти од сите снимања во оваа сезона.
Еве што пишува за епизодата со Драган Бјелогрлиќ:
Една недела потоа во емисија ни дојде човекот кој мислев дека никогаш нема да го добиеме. Десетина дена пред да ни даде потврден одговор дека доаѓа, давав интервју за некое списание. Ме прашаа “ајде фантазирај, кој би сакал да ти гостува што знаеш дека нема шанси да го донесеш?” Одговорив – Хауард Стерн! “Ај малку пореален биди. Некој полокален што знаеш дека не можеш да го донесеш...” - ми рече новинарката. Не се мислев многу. Како од пушка го кажав името на Драган Бјелогрлиќ. Зошто? Па дека ни во Србија не можат да го намолат да им гостува во емисија, не па тука! Фасцинантното е моментот дека како што реков, овој одговор го дадов десетина дена пред да го потврдиме Бјела и тогаш појма немав дека воопшто и ќе добиеме шанса да донесеме таква мега ѕвезда во емисија, а уште повеќе важно – човек кој лично премногу му се восхитувам и го ценам. Немам точен одговор за тоа како успеавме да дојде во Еден на Еден. Едноставно ги познававме вистинските луѓе кои не поврзаа во право време. На Бјела му требаше промоција на новиот Монтевидео, а ете од правите луѓе чул дека нема подобро место од нашето за таа работа. Човекот беше се што очекувавме да биде. Забавен, шармантен, многу пријателски расположен и тип кој може да те натпие во било кое време од денот! Ауууу на Бјела му држи... Му држи како да се фатило и да нема утре! Искрено, снимавме околу 12 напладне, а претходниот ден отидовме во кафана уште во 4, веднаш откако слета авионот. Седевме до 7, кога моравме да одиме на премиерата на филмот во Синеплекс, а вечерта теравме живот до 2 и пол... Лажам. Јас терав до 2 и пол. Веќе ви кажав, Бјела е како средношколец. Кога јас отидов, тој се загреваше. Шегата настрана, морам да напоменам дека Драган ги заслужува сите пофални зборови и обожаватели. Човечиште! Премногу сум среќен што имав прилика да го запознаам подобро.
Доколку сакате да го прочитате целото обраќање на Жаре кое е поставено на сајтот на продукцијата, навистина топло ви препорачуваме да го направите тоа веднаш.
А, во продолжение погледнете ја финалната епизода од сезона 5:
Видео: http://www.youtube.com/watch?v=zv7qr6QTrac
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Македонски писатели во светска антологија
Tumblr media
Во тематската антологија на светската поезија која неодамна излезе од печат во Србија под насловот "Не се сите болести за мене", објавени се избрани песни на македонските поети Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Ристо Василевски, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски и Јовица Тасевски-Етернијан.
Во изданието на 763 страници со избрани песни преведени на српски јазик се застапени најзначајните светски поети од 52 држави, а опфатен е периодот од вториот милениум пред нашата ера до 21-от век.
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Блескави дела на 13-те најкреативни и најбрилијантни tattoo уметници
За уметниците кои со тетоважи го украсуваат човечкото тело, тоа претставува платно кое треба да се покрие со неверојатни бои и облици. Некои се прилично просечни во нивното творење, но најкреативните дела на тату мајторите низ светот ќе ве остават без коментар.
1. Аманда Вачоб, Њујорк Аманда прави неверојатни дела со помош на мастилото за тетовирање. Нејзината работа делува како да е насликана на платно.
Tumblr media
2. Каим Махлев, Берлин Неговите тетоважи се исклучиво црни, и претставуваат модерни варијации на геометриските облици.
Tumblr media
3. Алис Кериер, Портленд Ако сакате тетоважа инспирирана од природата, која изгледа како да излегла од страница на некоја стара книга, Алис е личноста на која треба да и’ се обратите.
Tumblr media
4. Иен Левин, Киев Тетоважите на Левин оддаваат морничав впечаток, шокираат и тераат на размислување. Зад секоја од нив стои интересна и единствена приказна.
Tumblr media
5. Дејвид Хејл, Џорџија Орнаментите полни со детали овој американски тату артист ги комбинира со етно и традиционални мотиви.
Tumblr media
6. Кенџи Алуки, Хокаидо Сите кои трагаат по нешто ново и поразлично, треба да ги разгледаат делата на Алуки. Тој тетовира со техника на точки, што се гледа само ако пријдете поблизу.
Tumblr media
7. Марсин Александар Суровиц Конечно малку боја! Шарени, живописни, речиси надреални тетоважи со потписот на овој уметник од Полска.
Tumblr media
8. Мадам Чен, Берлин Не, ова не се цртежи нацртани со хемиско пенкало, иако изгледаат така. Стилот на Мадам Чен е препознатлив и оригинален.
Tumblr media
9. Мариус Трубиш, Вроцлав Сенката може да сочинува важен дел од тетоважата и да предизвика посебен впечаток. Делата на Мариус Трубиш како да светат во темнината.
Tumblr media
10. Ондраш, Чешка Тетоважите кои се „разливаат“ по телото потсеќаат на сликите настанати со користење на водени боици, и се специјалност на овој чешки мајстор.
Tumblr media
11. Саша Унисекс, Санкт Петерсбург Се’ што ќе замислите, таа може да претвори во реалност. Саша најмногу сака да користи геометриски облици со помош на кои склопува финална слика.
Tumblr media
12. Питер Ауриш, Берлин Неговото дело се издвојува од другите, бидејќи често прибегнува кон оптичките илузии. Една тетоважа можете да ја набљудувате и проучувате и по неколку минути.
Tumblr media
13. Гзоил, Париз Овој Французин сака да екпериментира со облиците, но не претерува во користењето на боја. Неговиот дизајн е смел и модерен.
Tumblr media
1 note · View note
kulturenradar · 10 years
Text
Времињата се менуваат, но идеалите не: Celebrities Never Change од Жорж Шамун
„Времето нема крај, и затоа со круг се мери“, напиша еднаш македоскиот автор Венко Андоновски. А знаеме и дека времето понекогаш како да се враќа. Сакајќи да покаже дека низ вековите луѓето сакаат исти нешта и ист тип на луѓе им служи за пример, уметникот Жорж Шамун ја создал изложбата Celebrities Never Change.
Исто како што сега се на мода сакоата и здолништата кои ги носела вашата мајка кога била девојка, така и во Холивуд има одредени стандарди според кои ги одбираме нашите миленици, кои се чини дека патуваат низ времето. Токму таа е пораката на Жорж Шамун. Тој е уметник и студент на ликовна академија кој живее и твори во Стокхолм, Шведска. Ја создал серијата на комбинации од фотографии како истражување за идеалите за убавина кои владеат во светот во кој живееме. Ова се фото-колажи од две филмски или музички ѕвезди од две различни ери на филмот и музиката, споени во едно лице – една идеална слика за двете различни времиња.
Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Иновативно и оригинално: Погледнете ги 15-те најкреативни визит картички во светот
Многумина од нас ги земаат визит картичките од љубезност, а потоа или ќе ги фрлиме или тотално ќе ги заборавиме... Но не и овие.
Погледнете ги 15-те "интелегентно" дизајнирани визит картички кои ќе ве натераат да се запрашате на кој начин сакате да се претставите себеси. Многумина од нас земаат визит картички од љубезност, а потоа само ќе ги фрлиме или потполно ќе ги заборавиме. Но овие специјално дизајнирани визит картички ќе ве заинтригираат со својата уникатна идеја и ќе ве натераат да ги зачувате па и да го свртите токму бројот кој е изгравиран на нив.
1. Визит картичка на пластичен хирург
Tumblr media
2. Рендалка за сирење
Tumblr media
3. Визит картичка на адвокат за разводи која може да се подели на два дела
Tumblr media
4. Душек за Јога
Tumblr media
5. Визит картичка на млад дизајнер во "раст"
Tumblr media
6. Визит картичка на Доктор за обрежување
Tumblr media
7. Визит картичка на стоматолог
Tumblr media
8. Растеглива визит картичка на персонален тренер
Tumblr media
9. Визит картичка на вински сомалиер
Tumblr media
10. Картичка која ќе мора да ја "испечете" за да се појават буквите на неа
Tumblr media
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Нов урбан дизајн на запуштените места во Лондон
Њујоршкиот парк Хај Лајн настанал на место на некогашна железничка пруга, на должина поголема од два километри, а истиот станал инспирација за архитектите ширум светот кои имаат идеи како да ги реновираат заборавените и запуштени локации и истите да ги направат популарни и корисни.
Градоначалникот на Лондон приредил конференција и натпреварување за архитектите, со чија помош ќе се делува врз развојот на паркот Хај Лајн во британската метропола. На Лондон дефинитивно не му недостасуваат индустриски зони, па тие се надеваат дека истите ќе можат да се иск��ристат на подобар начин. На натпреварувањето победила идејата за отворање на врата со печурки во тунелот под улицата Оксфорд, која ја предложиле архитектите од компанијата "Fletcher Priest". Тунелот низ кој некогаш поминувала железницата, повеќе не се користи. Повремено преку него се доставувала поштата до поголемите продавници на споменатата улица.
Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media
Покрај овој проект, високо рангирана била и "The Lido Line", идеја на компанијата "[Y/N] Studio", а која предвидува во каналот да се изгради чист и сигурен базен во кој би можело и да се плива. Базенот би имал и посебни филтри и повеќеслојна мембрана, што би значело дека водата во него би била без бактерии и токсини. Од фотографиите во продолжение можете да ги видите и другите предлози, кои во "Garden Museum" во Лондон ќе бидат изложени до 20 октомври.
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Убавината на светот низ призмата на слепите луѓе (видео)
Овие луѓе ќе го променат вашето мислење за светот и ќе ве натераат да го засакате вашиот живот. Нив не ги интересира дали е некој висок, слаб или дебел. За нив луѓето се убави сè додека се вистински и искрени кон себе.
Tumblr media
Можеби треба да размислите за тоа како гледате на работите. Светот и животот может да бидат поубави од она што го гледате.
Погледнете го ова видео и запрашајте се: Kоја е вистинската вредност во животот?
Видео: https://screen.yahoo.com/blind-peoples-descriptions-beauty-might-000358836.html
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Неколку факти за медалите во Сочи
Зимските Олимписки игри во Сочи завршија во неделата и имавме доволно време за сумирање на резултатите. Ова се заклучоците.
Русија владееше во Русија Русија освои 13 златни медали, два повеќе од Норвешка. Натпреварувачите од Русија освоија вкупно 33 медали или пет повеќе од САД. Ова е прв случај домаќинот да биде на првото место според златните медали и вкупниот број на медали уште од ЗОИ Осло 1952.
Американците претплатени за бронза Натпреварувачите од САД имаа силни адути за овие ЗОИ, но потфрлија во уметничкото лизгање, брзото лизгање, скијањето, хокеј... Тие освоија вкупно 12 бронзени медали и по трет пат на последните четири ЗОИ завршија на прво место според оваа категорија.
Холандија владее во брзо лизгање Лизгачите од Холандија освоија 23 медали (осум златни, седум сребрени и осум бронзени). Сите други тимови заедно освоија 13 медали во брзо лизгање.
Tumblr media
Падот на Германија Во првите денови Германците поведоа на листата на медали откако освоија четири злата во санкање. Но откако завршија натпреварите во санкање, започна падот на Германија и на крајот тие завршија шести. Тоа е најлош резултат на Германија во последните 46 години.
Холандија доби највеќе со најмалку На овие Олимписки игри Холандија имаше 41 натпреварувач и тие освоија вкупно 24 медали. Тоа е по еден медал на секој 1,7 натпреварувач. Канада освои само еден медал повеќе со 221 спортист. Зад Холандија се Белорусија со шест медали на 24 спортисти и Норвешка со 26 медали на 134 натпреварувачи.
Хрватска најмала со медал Во Сочи имаше 11 Хрвати и тие освоија еден медал. Најголеми делегации кои останаа без медал се Романија и Естонија кои имаа по 24 натпреварувачи.
Tumblr media
Белорусија е изненадувањето На претходните пет ЗОИ кога настапувале спортисти од Белорусија, тие имаа освоено само еден златен медал. Во Сочи Белорусија освои пет златни медали и заврши на осмата позиција на листата на медали.
Ледениот Исланд не го бива за зимски спорт Разбирливо е што Македонија, Бразил, Либан, Того... не освоија медали, но тотално несфатливо е колку Исланѓаните не ги бива за зимски спортови. Тие немаат освоено ниту еден медал во историјата на Зимските Олимписки игри, а во Сочи имаа само пет натпреварувачи кои немаа пласман подобар од 34-то место.
26 е магична бројка На првите 44 настани, 26 различни држави освоија медал со што се израмни рекордот од претходните две Зимски Олимписки игри во 2006 и 2010. И толку. Ниту една друга држава потоа не освои медал на вкупно 98 натпреварувачки дисциплини.
Tumblr media
Бјорндален во легендите Две години откако Мајкл Фелпс стана најтрофеен натпреварувач на Летни Олимписки игри, Норвежанецот Оле Еинар Бјорндален стана најтрофеен во историјата на Зимските Олимписки игри. Тој во Сочи го освои својот 13-ти медал, а неговата сонародничка Марит Бјерген стана најтрофејна олимпијка откако го освои шестиот медал.
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
„Porta Jazz Festival”- фестивал на домашниот џез звук
Од 28 февруари  до 2 март, Битола ќе биде домаќин на првиот  „Porta Jazz Festival”, кој на едно место ќе ги собере врвните имиња на македонската и светската џез сцена.
Tumblr media
На тридневниот фестивал, битолската публика ќе може да ги види и чуе Тони Китановски трио, Алек Секуловски, Сашо Поповски, Оливер Јосифовски, Sethstad, Jazzobell Quintet, Кубанецот Оскар Салас и Американецот Дејв Вилсон.
-„Porta jazz fest” ќе биде настан кој ќе ја слави пред сè националната џез сцена, и кој ќе се обиде на едно место да ги собере најдобрите македонски џезери и нивните љубители.
Сред напливот на шунд и неквалитет со кој се соочуваме секојдневно, со овој настан ќе се обидеме да направиме уште еден донкихотски обид да ја потсетиме публиката кои се музичките вредности што и дома звучат светски - рече организаторот на фестивалот,  Влатко Христовски - Дадо.
Фестивалот ќе го отвори големиот промотор на џез културата во Македонија, Оливер Белопета.
Покрај музичките настапи пред публиката, програмата на фестивалот ќе вклучува џез работилиници и проекции на филмови.
Локацијата на настанот во Битола ќе биде култниот клуб  „Porta Jazz“ ,  препознатлив како деценсико урбано уточиште на добриот звук и трајните културни вредности.
Генерален спонзор на настанот е „Божиновски часовници”.
Tumblr media
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
Моменти за паметење од Златна Бубамара 2014
Најдолгоочекуваната манифестација во земјава - Златна Бубамара на популарноста и годинава донесе многу насмевки и ја разубави вечерта на сите во Универзалната Сала.
За последен пат во салата која носи толку многу спомени и во која имаат настапувано илјадници ѕвезди. Неповторливиот хумор на Сашко Коцев во комбинација со одличните музички гости и настапи се проверен рецепт за незаборавна вечер.
Tumblr media
Универзална - преполна, игла нема кај да фрлиш. Освен на столчиња се седи на дополнителни столчиња, на скалите па и се стои.1. Наградата за Драган Каранфиловски Бојс и прекрасниот настап кој не врати во детството со сите негови хитови - Наташа од 3то 3, Прва љубов како сенка тивко тивко доаѓа, опасно сум вљубен во тебе, заборави се... Огромно браво и за Бојс кој и покрај тоа што не настапувал 14 години застана храбро на сцената и пееше заедно со публиката.
Tumblr media
2. На Златна Бубамара се пишува историја. Се наградуваат најдобрите, се дава шанса и на новите таленти. Даниел Кајмакоски ја доби својата прва Златна Бубамара и ја воодушеви публиката со настапот со Red. Да, дечкото има потенцијал и дефинитивно ќе полни многу сали и многу концерти во иднина. Едноставно - публиката го сака, а тој мил, скромен и со прекрасен глас.
3. Групата од пензионери скијачи на бина како најава за можеби најдобриот дел од хуморот на Коцев
4. Наградата за најдобра ТВ Емисија за Билките на Баба Рада
5. Контраверзниот настапот на Северина со Влатко Стефановски
6. На изненадување на сите во салата настапи и новиот - млад Здравко Чолиќ, Перчоли. Во негов стил со црвено сако, детето уживаше во настапот пред преполната Универзална Сала.
Tumblr media
0 notes
kulturenradar · 10 years
Text
На врвот на светот: Разгледајте ја палатата на големиот Далај Лама
Tumblr media
Во главниот град на Тибет и традиционалното седиште на Далај Лама, на надморска висин од 3.600 метри се наоѓа неговата некогашна резиденција, изградена на врвот на светото брдо.
Од крајот на 14 век, па сè до 1951 година, во оваа земја владееле Божествените кралеви на Далај Лама, а Ласа била средиште на ламаизмот, посебен облик на будизам, кој се карактеризира по изразеното верување во злобни духови.
Од половина на 17 век, па сè до кинеското востание во 1959 година, палатата служела како официјална резиденција на големиот Далај Лама, сè додека подоцна не побегнал во Индија.
0 notes