Tumgik
#skopjeearthquake
indog · 11 months
Text
Tumblr media
На овој ден колку и да е клише на момент ни се покажува како сеуште имаме длабока љубов и приврзаност кон Скопје, и покрај неговите сегашни предизвици и падови. Ве поддржувам и  охрабрувам да преземете акција и да придонесете позитивно за вашиот/нашиот град. Секој поединец може да направи разлика, затоа продолжи и направи нешто што носи позитивни промени и помага Скопје повторно да стане град на солидарност, живот и младост. Вашите напори можат да имаат трајно влијание! 
Да зборуваме за ново Скопје за 20 години како што зборуваме за она пред 20. 
Скопје е емоција, жега, гушење од немање воздух, радост на зајдисонца, непроспиени ноќи, градски парк, подиум и прљави патики, еуфорија, музика, љубов, нови дрвја, повеќе точаци од коли, спомени и надеж! 
0 notes
dimeskizz · 6 years
Photo
Tumblr media
55 години од земјотресот во Скопје. #skopjeremembers #скопјесесеќава #градотубав #skopjeearthquake #55years #gettyimages (at Skopje)
0 notes
indog · 6 years
Photo
Tumblr media
55 години од скопскиот катастрофален земјотрес.
Низ историјата Скопје доживува огромни катастрофи. Шо знам некако е како град Феникс секој нешто му прави и умира за тој повторно да се реинкарнира и создаде. Секогаш му оди тешко бидејки луѓето у него се тешка катастрофа без осет што значи колективно и општествено градење.
 Никогаш не знаат да му дадат поддршка да тој порасне и да биде мека за сите сетила. Културата е нешто фиктивно и веројатно никогаш нема ни да се случува. Мене по некад ме инспирира и сегашноста базирана на вистински дешавки ама најчесто минатото повеќе (ти текнуе паер југоносталгија, у наше време беше најбоље и слично… супер е минато ама живееме во сегашност :D ) Чувството на припадност веројатно ми се изгуби низ годиниве како све некој ме брка од мојот град па и немам што многу да кажам од денешна перспектива дали ќе го биде или не. Се мислам дека тешко ќе му оди да го биде тотално сме Out од современото и актуелното иако некои мали искри ми кажуваат нешто друго ама некако не можам да сум позитивен во ова. Fuck it депре малку ама…. Нејсе! 
Денес се навршуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес каде што целиот свет се повика да му помогне на Скопје - градот на солидарноста (нажалост не успеавме да го зачуваме сето она кое што ни помогнале ниту пак да научиме што тоа значи солидарно живеење на ова парче) Силеџиите се главни и тие ни ги наметнуваат нивните малограѓански состојби кои што се општо прифатливи и очигледно достојни за живеење.
Една убава случка од минатото ме инспирираше да ја нацртам оваа илустрација која што има малку друг контекст иако денешниот ден е познат по катастрофа (Би сакал да испринтам сито графика во 60 копии црно бело па ако некој е заинтересиран нека пише… човече парче графика несубвенционирана уметноС од природна потреба ауауа вауававав)  
ОК! Дешавката за сидрото оди вака и текстот е благодарение на: Утрински весник, 19.09.2008
Бродското сидро и ѕвоно под Камениот мост
Автор е господинот: Трајко Стојков
На 20 септември 1948 година, претседателот на Градското собрание на Скопје доби покана од бродоградилиштето „3 Мај“ од Риека. Поканата гласеше: Градот Скопје да испрати делегација на свеченото пуштање во море на бродот „Скопје“. Со одлука на бродоградилиштето „3 Мај“ од Риека бродот го добил името „Скопје“. За секој брод што се гради има две свечености - крштевки. Еднаш кога од суво (на самото бродоградилиште, помеѓу два големи крана и на две дрвени шини) се спушта во море, што се вика нурнување, и втора свеченост е кога бродот е комплетно готов и запловува во море.
Тогашната претседателка на Градското собрание на Скопје, Вера Ацева, веднаш ја одреди делегацијата што требаше да присуствува на свеченоста во Риека. Делегацијата беше во следниот состав: Киро Размов (претседател на Планска комисија), Трајко Стојков (началник на Стопанска координација, претставник на Народниот фронт и Сојузот на борците) и Нада Попова (претставничка на АФЖ).
Задачата беше делегацијата веднаш да се подготви за пат во Риека и со себе да понесе како подарок еден персиски ќилим. Бидејќи беше попладне, Киро Размов и Трајко Стојков наидоа на затворени врати во фабриката за домашни ракотворби.
На чуварот му предадоа писмо и со негово одобрение го изнесоа ќилимот од канцеларијата на тогашниот директор Писевски и го натоварија на воз.
Истиот ден вечерта делегацијата тргна со воз за Риека. Бидејќи во тоа време немаше коли за спиење во возовите, патувањето беше многу мачно, но сепак стасавме навреме. На железничката станица во Риека нè пречека делегацијата од бродоградилиштето „3 Мај“.
Свеченоста се одржа на бродоградилиштето во Риека и беше од големи размери. На свеченоста беше присутен и министерот за поморство на Југославија, Вицко Крстуловиќ. Церемонијата на нурнување или пуштање на бродот во море беше многу интересен и впечатлив чин.
Бродот се гради на суво, поставен на две големи дрвени шини премачкани со восок и меѓу два големи крана. Кога бродот е готов и подготвен за спуштање, најдобриот работник, т.е. ударник ги сече јажињата со секира. Во тој момент двете хидраулични пумпи, кои се поврзани со јажињата што ги сече ударникот, почнуваат со работа и го притискаат бродот да тргне по шините во море. Во истиот момент удира и шишето шампањ во бродот. Доколку целиот процес помине во најдобар ред и бродот стабилно се лизне во морето, тоа претставува голем успех за градителите.
На наша општа радост, церемонијата помина во најдобар ред. Пред пуштањето на бродот „Скопје“ во море, говор одржа нашиот шеф на делегацијата, Киро Размов. Сè беше на највисоко ниво. По церемонијата нè сместија во една од најубавите вили на Јадранот – „Вила Павело“. Нè прошетаа до Опатија и Истра (кои само пред неколку години беа соединети кон Југославија, а дотогаш беа италијански). Истарските жители немаа поим за Македонија. Шегувајќи се, нè прашуваа: „А где му доѓе та Македонија“.
По три дена нè префрлија со брод до Дубровник. Таму отидовме во посета на скулпторот Аугустинчиќ, кој го правеше нашиот познат споменик (кој денес се наоѓа кај Владата на Р. Македонија) „Ослободителите на Скопје“. Споменикот беше во завршна фаза и се договоривме за неговиот транспорт до Скопје.
Потоа тргнавме со воз со среден колосек преку Иван Планина и по многу маки и застој стасавме во Белград. Оттаму потоа со друг воз се вративме за Скопје.
По првото крштевање и церемонија, неколку месеци подоцна имаше и втора, која се одржа поради комплетната исправност на бродот по пробните пловидби.
На оваа церемонија присуствуваше лично тогашната претседателка на Собранието на град Скопје, Вера Ацева. Таа неколку дена се возеше со бродот по Јадранот.
Бродот „Скопје“, кој спаѓаше во класата полутоварни бродови со носивост од 10.000 тони, пловеше со години по сите светски мориња. Кога конечно беше целосно амортизиран, се врати дома во Риека на сечење и топење. Тогаш сидрото го испратија во Скопје и тоа и ден-денес стои под Камениот мост и му пркоси на времето, но паѓајќи во заборав, бидејќи многу малку се зборува за славното минато на бродот „Скопје“.
Сидрото е сеуште под камениот мост па одете и погледнете го ова парче историја <3
Peace out!!!!
ind.o.g
0 notes
indog · 9 years
Photo
Tumblr media
52 years of tragic earthquake in Skopje (the city of solidarity) 
2 notes · View notes