Tumgik
#плоштад
randomscrapbook · 1 year
Text
4 наслова препорачува...
...Ана Алексовска (режисерка) Филм: „Друга страна свега“, Мила Турајлиќ - Едноставно, бидејќи се стремам да правам такви филмови; Мила умее да го најде точниот баланс меѓу хуморот, болката, интелектот и разционализацијата, и сето тоа со многу точен и возбудлив визуелен јазик кој, уште повеќе што воодушевува, никогаш не излегува од семантичкото поле на симболите кои темата ги наметнува. Сѐ делува толку органски и природно, а толку математички прецизно. Воодушевува чувството за ритам со кое ги дозира емоциите и информациите. Во точно време и во одллично измерен интензитет; Овој филм е прекрасен портрет на нејзината мајка која е маркантна фигура во српското општество, но во позадината на тој топол и емпатичен приказ, обид на ќерката да ја разбере својата мајка, има слика на три генерации, болката од нивните јазови, но и надеж и воодушевување кон нешто поголемо, трансгенерациско и суштински човечко. Филмот многу неосетно, како спирала се одвиткува и од портрет на една жена, станува портрет на политичката состојба на една земја, кој воопшто не е медиски прикажан претходно. Го поставува прашањето кое мене ме буди и заспива годиниве: дали сме немоќни против политичките сили, или пак, изборите кои ги правиме во тие мигови - нè дефинираат? Книга: „Погребан џин“, Казуо Ишигуро - Неговиот стил може да им се види тежок на оние кои сакаат да бидат зграбени од првиот пасус и втурнати со помош на добро познатата јадица во имагинарниот свет и неговите правила. Казуо Ишигуро не се труди да заведе. Не се труди да намами. Тој почнува да раскажува како да е пред него сето време на светот - сѐ додека не се фати читателот за таа една емоција која е нишка на неговите редови. Кога ќе ја препознае таа нишка и во својот живот, романот за читателот станува брз и возбудлив, a page turner. Казуо секогаш пишува со огромна ематија и искреност за многу универзални емоции, како нарушена блискост или, пак, потреба да се биде прифатен, и иако контекстите се футуристички или, пак, векови зад нас, сепак, тој прави сè да пулсира од емотивен реализам. Токму тука е неговата писателска умешност, и, читајќи го, можам да сочувстувам со робот од иднината или пензиониран средновековен витез со загубена меморија. Во Burried Giant (кој се наоѓа на листава бидејќи беше романот со кој го открив овој автор) токму тоа е приказната - за витез од некоја дамнешна Англија, кој не знае како и кога неговиот дом и село се напластиле со магла. Метафорички маглата е и во нивните умови - тој и неговата сопруга не можат да се сетат каде е нивниот син. Чувствувајќи дека се пред крајот на животните сили, тие решаваат да се обидат да го пронајдат, бидејќи, кој знае, можеби е некаде жив и ги очекува - ни самиот тој не можејќи да се сети каде се и кои се. Прекрасна сага за брачната љубов, со поетски слики кои вечно се врежуваат кај читателот
Плоча: „Saxophone Colossus“, Sonny Rollins - Немам доволно познавање од музичка теорија да можам да елаборирам зошто токму овој албум е тој кој го одвојувам. Знам дека кога го слушам, не можам ништо друго да правам освен - да слушам. Сè друго оставам. Има толку детали и брзи пресврти, што чувството е како некој локалец да ме води за рака трчајќи по улиците на град кој допрва го откривам. Секвенците се игриви, со темите експериментираат доволно интензивно и дoволно долго - без никакво претерување и нема шанси да здосади. Ликовно дело: „Плоштад Потсдам“, Ернст Лудвиг Кирхнер - Експресионистичките слики секогаш ми го земаат и задржуваат многу долго вниманието. Серијата слики од берлинските улици на Кирхнер особено, бидејќи ликовите во нив така интензивно го возвраќаат погледот што пренесено е кошмарно но сепак возбудливо чувство. Во оваа слика се доловува емоција на потрага, на жмурка, и фатен е моментот кога веќе нема каде гледачот да бега - пронајден е. Со безмилосни очи жената во сино гледа во нас и не ни дава избор - мораме да влеземе во нејзиниот свет, во нејзиниот Берлин. И додека таа полека чекори кон мене, сфаќам дека штом толку долго ја гледам - изгледа сум веќе таму. Токму оваа способност да ме измести и пропатува низ времето и просторот е она што го ценам во ликовната уметност.
4 notes · View notes
gostivarpress · 11 months
Text
Малолетничка физички нападната на плоштадот во Гостивар
Малолетничка од Гостивар вчеравечер (10 јули) во 22 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 21 часот и 30 минути на градскиот плоштад во Гостивар Џ.Н., со кого претходно била во љубовна врска, физички ја нападнал. Се расчистува и документира случајот.
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
webohrid · 1 year
Text
Матурска парада на Градскиот плоштад
Околу 400 охридски матуранти од средните училишта ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, беа дел од манифестацијата „Mатурска парада“ што се одржа денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Пред бројната публика, матурантите точно напладне го одиграа танцот „квадрил“ од штраусовата опера „Лилјакот“. На настанот, пред присутните свое обраќање…
youtube
View On WordPress
0 notes
bregalnicki · 2 years
Text
Макфест 2023 збогатен со уште една придружна манифестација
Макфест 2023 збогатен со уште една придружна манифестација
Како еден од најзначајните музички фестивали не само во Брегалничкиот регион туку и пошироко, Макфест 2023 година го доживува својот досега најголем програмски процут. Во организација на Општина Штип двата фестивалски денови на 21 и 22 овој месец на Плоштад “Слобода” во Штип со почетк во 19.00 часот ќе се реализира настанот “Вино и музика” со учество на незаборавни музички имиња и песни кои што…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
mrmartianmedia · 2 years
Text
Watch "Alexander statue and Skopje Square" on YouTube
0 notes
megjashi · 2 years
Photo
Tumblr media
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “ Соработката со МЕЃАШИ почна во првите години од нивното постоење. Видов на телевизија дека имаат ликовен караван на Скопскиот Плоштад и сам отидов да се запознаам и да ги прашам дали може да ми направат изложба, јас имам интересно хоби со кибритчиња (за 37 години сега имам собрано 3 000). Горде љубезно ме пречека, ѝ кажав јас за мојата идеја за изложба, таа рече тие сега засега такви услови немаат, а патем ја прашав дали може да волонтирам, рече: „Ако сакаш, уште денеска можеш да почнеш“. Вели: „Еве го дојден е глумецот Џумерко од Прилеп, ќе одат во еден магацин, ќе треба да земат алишта и со него можеш да појдеш како претставник од Детска амбасада“. Велам „Ајде, ќе одам со Џумерко“, со возачот и уште двајца-тројца отидовме во магацинот. Тогаш беше актуелен со улогата на Итар Пејо од „Солунски патрдии“ и додека чекавме да се среди документацијата, тој ни кажуваше смешки. Интересен прв волонтерски ден. Потоа се редеа настани, дојдоа бегалците од БиХ, одевме со нив во Чичино село. Кога беа пак бегалците од Косово, цело лето од мај до септември група луѓе одевме во скопското село Радуша, си игравме со децата, ги забавуваме, иако не разбиравме албански. Потоа кога се смири ситуацијата со бегалците, со МЕЃАШИ учествував на разни настани, неколкупати сум бил со касичките по маркетите, водев и детска работилница за пишување писмо до непознато другарче, ги подучував децата, па им стигнуваа писма во Амбасадата, некои и дојдоа од Куманово и се запознаа. Во детските работилници се правеа разни рачно направени украсни предмети, а и новогодишни честитки и нив ги продававме волонтерите околу новогодишните празници на разни базари или во некои големи маркети. Еднаш на Средно Водно се организираше трка со ролери меѓу децата. Пиевме топол планински чај. Имаше еколошко предавање, а јас од мојот расадник донесов дваесетина мали дрвца и ги посадивме. Дојдоа и многу родители со децата, а некои од нив беа познати личности, пејачи, спортисти… И сега се прашувам дали од тоа што го виделе тогаш и некој го предложил некаде, тоа навистина не знам, но по година и половина првпат се одржа „Ден на дрвото“, манифестација на масовно садење дрвја... Се случуваа и семинари низ Македонија, а и во Романија една година, за младинци. Со уште неколкумина бевме таму 15 дена, прво на планина во близина на местото на замокот на Дракула, каде секоја вечер имаше различна презентација за нивната традиција, а потоа седум дена шетавме во нивниот главен град Букурешт. Тоа е бенефитот − се запознаваш со луѓе, создаваш нови контакти. И секогаш Детската амбасада ги наградувала заслужните волонтери, па така јас добив лото со тоа што додека се организираше некој настан на плоштадот во Скопје, Тетово, Велес,Куманово, сето тоа се снимаше со хеликоптер и од него се фрлаа летоци за тој настан. Ми дадоа шанса да летам во хеликоптер и сите овие градови ги гледав одозгора и беше незаборавно искуство, три часа да се лета над Македонија. Едно лето имавме и театар, децата глумеа. Имаше и спортска и ликовна и драмска работилница, а подготвивме и претстава со деца со попреченост, од 4-5 школи. Се собиравме во „Партение Зоографски“ попладне од кај 16-17 часот. Потоа една недела сите заедно бевме на Пониква на одмор, на крај имаа и генерална проба, на која им дојдоа и родителите. Театарската претстава беше прикажана во триесетина градови низ Македонија. Ме одушевува работата на МЕЃАШИ. Убава е. Нешто посебно, уникатно, тивко, мирно, да не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто. Е, сега како се снаоѓаат, тие си знаат, мора да се обезбедат пари за Амбасадата да функционира. Јас сè уште сум волонтер таму. Еден не може да направи нешто, но кога се здружуваат двајца, тројца, повеќемина, може да се поттикне нешто убаво. На 25-годишнината на свеченоста во Драмски театар добив статуетка меѓу заслужните, аплаудираше цела сала. Исто и од МКЦ од Битола добив благодарница за волонтеризам. "Волонтерството во Меѓаши е задоволство". Сакам да работам со деца и во нивни интерес нив да им биде добро, да се чувствуваат убаво, да имаа спокојно детство. Сега смислив и една лесна игра за деца, а тие ќе бидат добредојдени во музејот на кибритот, еден ден кога ќе го отворам. **** Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa
0 notes
embassy-m · 2 years
Text
Tumblr media
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “
Соработката со МЕЃАШИ почна во првите години од нивното постоење. Видов на телевизија дека имаат ликовен караван на Скопскиот Плоштад и сам отидов да се запознаам и да ги прашам дали може да ми направат изложба, јас имам интересно хоби со кибритчиња (за 37 години сега имам собрано 3 000). Горде љубезно ме пречека, ѝ кажав јас за мојата идеја за изложба, таа рече тие сега засега такви услови немаат, а патем ја прашав дали може да волонтирам, рече: „Ако сакаш, уште денеска можеш да почнеш“. Вели: „Еве го дојден е глумецот Џумерко од Прилеп, ќе одат во еден магацин, ќе треба да земат алишта и со него можеш да појдеш како претставник од Детска амбасада“. Велам „Ајде, ќе одам со Џумерко“, со возачот и уште двајца-тројца отидовме во магацинот. Тогаш беше актуелен со улогата на Итар Пејо од „Солунски патрдии“ и додека чекавме да се среди документацијата, тој ни кажуваше смешки. Интересен прв волонтерски ден. Потоа се редеа настани, дојдоа бегалците од БиХ, одевме со нив во Чичино село. Кога беа пак бегалците од Косово, цело лето од мај до септември група луѓе одевме во скопското село Радуша, си игравме со децата, ги забавуваме, иако не разбиравме албански. Потоа кога се смири ситуацијата со бегалците, со МЕЃАШИ учествував на разни настани, неколкупати сум бил со касичките по маркетите, водев и детска работилница за пишување писмо до непознато другарче, ги подучував децата, па им стигнуваа писма во Амбасадата, некои и дојдоа од Куманово и се запознаа. Во детските работилници се правеа разни рачно направени украсни предмети, а и новогодишни честитки и нив ги продававме волонтерите околу новогодишните празници на разни базари или во некои големи маркети.
Еднаш на Средно Водно се организираше трка со ролери меѓу децата. Пиевме топол планински чај. Имаше еколошко предавање, а јас од мојот расадник донесов дваесетина мали дрвца и ги посадивме. Дојдоа и многу родители со децата, а некои од нив беа познати личности, пејачи, спортисти… И сега се прашувам дали од тоа што го виделе тогаш и некој го предложил некаде, тоа навистина не знам, но по година и половина првпат се одржа „Ден на дрвото“, манифестација на масовно садење дрвја... Се случуваа и семинари низ Македонија, а и во Романија една година, за младинци. Со уште неколкумина бевме таму 15 дена, прво на планина во близина на местото на замокот на Дракула, каде секоја вечер имаше различна презентација за нивната традиција, а потоа седум дена шетавме во нивниот главен град Букурешт. Тоа е бенефитот − се запознаваш со луѓе, создаваш нови контакти.
И секогаш Детската амбасада ги наградувала заслужните волонтери, па така јас добив лото со тоа што додека се организираше некој настан на плоштадот во Скопје, Тетово, Велес,Куманово, сето тоа се снимаше со хеликоптер и од него се фрлаа летоци за тој настан. Ми дадоа шанса да летам во хеликоптер и сите овие градови ги гледав одозгора и беше незаборавно искуство, три часа да се лета над Македонија.
Едно лето имавме и театар, децата глумеа. Имаше и спортска и ликовна и драмска работилница, а подготвивме и претстава со деца со попреченост, од 4-5 школи. Се собиравме во „Партение Зоографски“ попладне од кај 16-17 часот. Потоа една недела сите заедно бевме на Пониква на одмор, на крај имаа и генерална проба, на која им дојдоа и родителите. Театарската претстава беше прикажана во триесетина градови низ Македонија.
Ме одушевува работата на МЕЃАШИ. Убава е. Нешто посебно, уникатно, тивко, мирно, да не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто. Е, сега како се снаоѓаат, тие си знаат, мора да се обезбедат пари за Амбасадата да функционира. Јас сè уште сум волонтер таму. Еден не може да направи нешто, но кога се здружуваат двајца, тројца, повеќемина, може да се поттикне нешто убаво. На 25-годишнината на свеченоста во Драмски театар добив статуетка меѓу заслужните, аплаудираше цела сала. Исто и од МКЦ од Битола добив благодарница за волонтеризам.
"Волонтерството во Меѓаши е задоволство". Сакам да работам со деца и во нивни интерес нив да им биде добро, да се чувствуваат убаво, да имаа спокојно детство. Сега смислив и една лесна игра за деца, а тие ќе бидат добредојдени во музејот на кибритот, еден ден кога ќе го отворам.
****
Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa
0 notes
chote · 3 years
Photo
Tumblr media
скопјентзе #скопје #градотубав #македонија #плоштад #јадран #skopje #macedonia #square #jadran #wanderlust #visitskopje #инстаграмџии (at Скопје, Македонија) https://www.instagram.com/p/COGrXMSrA0k/?igshid=145crx9238t34
0 notes
automediamk · 3 years
Photo
Tumblr media
Селско Бентли по плоштад во Скопје не смееше да ја пропушти 2020
Чинот на крунисување на оваа 2020 година не можеше да биде извршен поверодостојно. Автомобил за благородништвото, стигнат во раце на егзибиционист што се поистоветил со лик од филмовите, се најде во мисија, за една секунда да ги урне сите човечки и цивилизациски вредности и достигнувања на ова напатено парче земја. Како најдобро да ја искажеш […]
1 note · View note
retromk · 7 years
Photo
Tumblr media
Скопје, 1991 година.
Скенирано од весникот Нова Македонија
28 notes · View notes
shkrtolov · 4 years
Text
Tumblr media
ВУТАР
0 notes
Text
Плоштад во близина на амбасадата на САД во Ерусалим го доби името на Трамп
Плоштад во близина на амбасадата на САД во Ерусалим го доби името на Трамп
Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат,го именува плоштадот недалеку од новата американска амбасада во Ерусалим, како плоштад на САД во чест на претседателот Доналд Трамп. “Ова е начинот на кој Ерусалим ја возвраќа љубовта кон претседателот и граѓаните на САД кои стојат зад државата Израел”, рекол Баркат.
“Претседателот Трамп одлучи да го признае Ерусалим како главен град на еврејскиот народ,…
View On WordPress
0 notes
gostivarpress · 1 year
Text
Тридневен предновогодишен хепенинг на плоштадот во Гостивар
Тридневен предновогодишен хепенинг на плоштадот во Гостивар
Во пресрет на Новата година и во духот на новогодишните празнувања во Гостивар ќе се организира хепенинг со хуманитарен карактер. Настанот ќе се одржува три дена (23, 24 и 25 декември) на градскиот плоштад, во периодот од 10 до 15 часот, кадешто ќе има дружба и фотографирање со Дедо Мраз и со кловн. „На плоштадот ќе биде поставен и штанд на кој ќе се изложат рачни изработки од учениците од…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
webohrid · 1 year
Text
Левица: Работниците на ЈП „Комуналец“ оставени без декемвриската плата
Левица: Работниците на ЈП „Комуналец“ оставени без декемвриската плата
„Додека градоначалникот Кирил Пецаков и ди��екторот на ЈП „Комуналец“, Саше Најдески, се сликаа на охридскиот плоштад за време на верските празници Бадник и Божик, работниците на ЈП „Комуналец“ Охрид и Василица ја поминаа без плата. Левица прашува: Дали е точно дека причината за ваквата состојба во ЈП „Комуналец“ е целосната исплата на сомнителниот тендер, склучен меѓу ЈП „Коминалец“ и битолската…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
bregalnicki · 2 years
Text
Прва ноќна градска трка во регионот по улиците на Македонска Каменица
Прва ноќна градска трка во регионот по улиците на Македонска Каменица
На 9-ти октомври во Македонска Каменица се одржува првата ноќна градска трка Kamenica Night Run. Kamenica Night Run е трка со должина од 5 и 10 километри, која започнува од Градскиот плоштад во 19:00 часот и ќе се одвива долж градските улици во Македонска Каменица. Трката е во кругови, со поставени пунктови со освежителни пијалоци за учесниците.Пријавувањето за учество на Kamenica Night Run е во…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
megjashi · 2 years
Text
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “
Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “
https://www.slideshare.net/DragiZmijanac/ss-252011786 Борче Стојановски-Џеронимо, волонтер: „Не се истакнуваат, ама тука се цело време ако затреба нешто! “Соработката со МЕЃАШИ почна во првите години од нивното постоење. Видов на телевизија дека имаат ликовен караван на Скопскиот Плоштад и сам отидов да се запознаам и да ги прашам дали може да ми направат изложба, јас имам интересно хоби со…
View On WordPress
0 notes