Tumgik
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Кога сакаш да ја осознаеш Божјата Волја, откажи се целосно од сопствената волја и планови и во молитва барај ја Божјата Волја.
Старец Јосиф Исихаст 
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Сè поминува, и доброто и лошото, а ниту човекот, ниту демоните не можат да сторат нешто што Бог не дозволува.
„Покорност на Божјата волја“ https://blagovesti.wordpress.com/2013/08/15/pokornost-na-bozjata-volja/
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Text
Што велат светите отци за постот
Бидејќи не постевме, затоа сме исфрлени од Рајот, затоа треба да постиме за да се вратиме во Рајот. (свети Василиј Велики)
Впрочем, за полезен пост не е доволно само воздржување од јадење; туку да постиме со пост пријатен, угоден на Бога. Вистинскиот пост – е оддалечување од злото, воздржување на јазикот, совладување на гневот во себе, оддалечување од похотите, клеветење, лажење, погазување на клетви; воздржување од ова е вистински пост. При вакви услови постот е прекрасно дело. (свети Василиј Велики)
Постот ги раѓа пророците, им дава крепост на силните, ги омудрува законодавците. Постот е добра стража за душата, надежен сопатник на телото, оружје за доблесните луѓе, училиште за подвижниците. Тој ги отстранува искушенијата, ги закрепнува подвижниците во благочестието; станува сожител на трезвеноста, раѓа целомудрие во душите; во војна извршува подвизи, во време на мир учи на безмолвие, го осветува монахот, го усовршува свештеникот. Постот ја изгаснал силата на огнот, им ја затворил устата на лавовите. Постот ја испраќа молитвата кон небото, видоизменувајќи се во крилја при искачувањето нагоре. Постот е духовно растење за семејството, мајка на здравјето, воспитувач на младите, украсител на старите, добар сопатник за оние кои патуваат, надежен сожител на сопружниците. (свети Василиј Велики)
Постот ги заштитува децата, ги прави целомудрени младите, му дава чест на стариот: зашто белата коса, украсена со пост, е достојна за почит. Постот е најсоодветниот украс на жените, узда во цутот на младоста, чувар на бракот, воспитувач на децата. Такви услуги му прави постот на секој дом. А како го уредува тој нашиот живот во општеството? Веднаш целиот град и целиот народ го води кон добри дела, ги стишува критиките, го смирува раздорот, ги замолкнува укорите… Ако сите би го имале него за советник, во врска со своите дела, ништо тогаш не би го нарушило длабокиот мир кој ќе владее насекаде… Тогаш нашиот живот не би бил со многу плачење и полн со униние, ако постот биде главен раководител на нашиот живот. Бидејќи, како што е очигледно, тој би ги учел сите, не само да се воздржуваат од јадења, туку и на совршено оддалечување и отуѓување од среброљубие, алчност и од секој порок. (свети Василиј Велики)
Постот е оружје за вооружување против демоните. (свети Василиј Велики)
Постот е успокојување на нашите души, украс на старите, наставник на младите, учител на целомудрените; тој секоја возраст и пол го украсува како со некоја круна. (свети Јован Златоуст)
Постот ја исушува желбата, а молитвата го очистува умот, подготвувајќи го за созерцување на вистината. (преподобен Максим Исповедник)
Постот со расудување е широко поле за секое добро. А кој не се труди во постот, тој го расколебува секое добро. (преп. Исаак Сириски)
Постот е победа над природата, отфрлање на сè, што го насладува вкусот, гаснење на телесното распалување, истребување на лукавите помисли, ослободување од нечистите соништа, чистота на молитвата, светило на душата, чувар на умот. (свети Јован Лествичник)
Постот е заштита на секоја добродетел, почеток на подвигот, венец на воздржувањето, убавина нa девството и светоста, светлина на целомудрието, почеток на христијанскиот пат, мајка на молитвата, извор на целомудрие и разум, учител на безмолвие, претходник на сите добри дела. (преп. Исаак Сириски)
Благодарение на постот се извршува сè што е прекрасно и добро. (свети Григориј Палама)
Бидејќи невоздржанието се манифестира преку сите чувства, тогаш на сите им одредуваме воздржување. Ако ти постиш со храна, а очите те соблазнуваат кон прељуба во тајните на твојата душа, и кон љубопитство и кон клеветење; слухот, пак, прима престапи и блудни песни и лоши клеветнички дошепнувања; и другите чувства, наизменично ги повредуваш, тогаш каквa е ползата од постот? – Се разбира, никаква! (свети Григориј Палама)
Вистински пост е оној, кој се распростира на сè, сè очистува и сè лечи. (свети Григориј Палама)
Вистински блажен и трикратно блажен е оној кој го запазил воздржувањето; затоа што воздржувањето е навистина голема добродетел… Постои воздржување во јадењето – да владееш со себе и да не бараш храна, која ни се нуди во изобилие, или омилени јадења, да не јадеш надвор од одреденото време, да не се предаваш на духот на чревоугодие, да не се поттикнуваш кон алчност од убавината на храната и да не бараш те една, те друга храна. Постои воздржување во пиењето – да владееш со себе и да не одиш на гозби, да не се насладуваш од пријатниот мирис на вината, да не пиеш вино без потреба, да не бараш разни пијалоци, да не бараш задоволства – да пиеш вешто подготвени пијалоци, да не употребуваш без мерка не само вино, туку, ако е можно, и вода. Постои воздржување во желбите и во порочното сластољубие – да господариш со чувствата, да не попушташ пред случајно возбудените желби, да не обрнуваш внимание на помислите кои ти дошепнуваат сладострастие; да не се насладуваш со она, што во тебе понатаму ќе поттикне омраза, да не ја исполнуваш волјата на плотта, туку да ги зауздуваш страстите со стравот Божји. (преподобен Ефрем Сириски)
Превод од руски јазик:
Ѓакон Јани Мулев
Извор: Ортодоксија и Ортопраксија> 
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Text
Оружјето што ни го дава Бог
Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ!
Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите проитв ѓаволското лукавство; зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.
Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста, и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. А над се, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот; земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!
Со секаква молитва и молба во секоја пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрајност и молитва за сите светии, и за мене, та, кога ќе ја отворам устата да ми се даде слободно да ја соопштувам тајната на Евангелието, поради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.
- Послание до Ефесјаните 6,10-20
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Љубовта е радост, нејзината цена е жртвувањето. Љубовта е живот, нејзината цена е смртта.
Касијана, Стослов - наука за христијанското разбирање на љубовта http://100slov.tumblr.com/post/31275239228
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Text
Господе ��сусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене грешниот.
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Сакаш ли за сeбe дoбрo? Сeкoe дoбро e вo Мeнe. Сакаш ли блажeнствo? Сeкoe блажeнствo e вo Мeнe. Убавина ли сакаш? Штo e пoубавo oд Мeнe? Благoрoдствo ли сакаш? Штo e пoблагoрoднo oд Бoжјиoт Син и oд Дeва? Висoчина ли сакаш? Штo e пoвисoкo oд Царoт нeбeсeн? Слава ли сакаш? Кoј e пoславeн oд Мeнe? Бoгатствo ли сакаш? Вo Мeнe e сeкoe бoгатствo. Мудрoст ли сакаш? Јас сум Бoжја Мудрoст. Пријатeлствo ли сакаш? Кoј e пoљубeзeн пријатeл oд Мeнe, кoј си ја пoлoжи душата за ситe? Сакаш ли пoмoш? Кoј мoжe да ти пoмoгнe oсвeн Јас? Бараш ли вeсeлба? Кoј ќe тe развeсeли надвoр oд Мeнe? Бараш ли утeха вo бeдата? Кoј ќe тe утeши надвoр oд Мeнe? Бараш ли мир? Јас сум душeвниoт мир. Бараш ли живoт? Вo Мeнe e извoрoт на живoтoт. Бараш ли свeтлина? Јас сум Свeтлината на свeтoт
Св. Тихон Задонски
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Да се оди по Христос - значи да се оди по патот на молитвата, кој поминува преку човечкото срце. Затоа, вистински да се молат се способни само оние кои, како апостолите, можат да речат: Еве, оставивме сé и тргнавме по Тебе (Матеј 19,27). Молитвата - тоа е смрт и воскресение. Кој не умира за светот, тој не може да воскресне за вечноста. Кој не се откажал од себеси, тој не може да се најде себеси. Блажени се бедните по дух. Древните монаси велеле дека Исусовата молитва е - скратено Евангелие, затоа што секоја страница од Евангелието како безгласно да дише и свети со невидлива светлина на Исусовата молитва.
Архимандрит Рафаил (Каренин) "Тајната на спасението"
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Богочовекот Исус Христос силно и верно нѐ љуби. Оттука ја црпиме нашата сила во Црквата. За нас христијаните неоправдано е безличното ‘не можам’ наместо личното ‘сакам’, како одговор на Неговата љубов. А кога ние верно и силно Му возвраќаме на Господ со љубов тоа нѐ прави храбри, нѐ прави маченици, преподобни и јуродиви – истовремено.
Митрополит Струмички Наум
http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=5780
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Text
„Господ му зборува на човекот“
Дали некогаш си размислувал сине мој дека сѐ што се однесува на тебе се однесува истовремено и на Мене. Бидејќи сѐ што на тебе се однесува се допира до зеницата на Моето око. Ти си драг во Моите очи, непроценлив и Јас те засакав и затоа за Мене особено задоволство е да те воспитувам. Кога искушенијата те опколат и непријателот навали како река, знај дека тоа од Мене доаѓа, за да твојата слабост почувствува потреба од Мојата сила и да си сигурен само кога Јас се борам за тебе.
Ако се наоѓаш во тешки неприлики меѓу луѓето, коишто не те разбираат, кои не водат сметка за тоа што ти е пријатно, кои едноставно те отфрлуваат и тоа е од Оној Кој управува со приликите и ти случајно не си се нашол на своето место. Тоа е баш тоа место коешто Јас ти го одредив. Ме молеше да те научам на смиреност, па еве, види: те ставив во онаа средина, во она училиште каде што таа лекција се учи. Твојата средина и луѓето коишто живеат со тебе само ја исполнуваат Мојата волја.
Ако се наоѓаш во финансиска оскудица и тешко врзуваш крај со крај и тоа од Мене доаѓа, бидејќи Јас располагам со материјалните средства, Јас сакам ти да ми се обратиш и да зависиш од Мене. Моите резерви се неисцпрни. 
Јас сакам да се увериш во мојата верност и вистинитоста на Моите ветувања, за да не се случи да можат да ти кажат во твоите неволји: „Простете вие не сте верувале во вашиот Господ Бог“.
Ако ја преживееш ноќта на болката, ако си одвоен од своите блиски и тоа од Мене доаѓа. Јас сум Утешител, Исцелител на болестите. Јас тоа го допуштив за да ти ми се обратиш и во Мене да најдеш вечна утеха.
Ако си се разочарал во својот пријател, во некој на кого си му го открил своето срце и тоа од Мене доаѓа. Јас допуштив да се разочараш за да покажеш дека Господ Бог е Твојот најдобар пријател. На некој мораме да му го поклониме срцето, но ако тоа срце го поклониме на некого на земјата, сите можат да нѐ повредат.
Јас сакам ти сѐ да ми принесуваш и да ми се доверуваш. Некој те оклеветил, допушти ја таа работа на Мене и придружи Ми се за да би се избавил од злиот јазик, јас ќе ја изнесам Твојата вистинитост на светлиот ден и ќе ја покажам твојата невиност. Ако сите твои планови се срушиле, и ако си паднал со душата и телото и тоа од Мене доаѓа. Си направил планови изнеси ги пред Мене да ги благословам, но Јас сакам да ми допуштиш Јас да располагам во приликите на Твојот живот. Тогаш сета одговорност ќе падне на Мене бидејќи таа премногу е тешка за тебе и ти самиот не можеш да излезеш на крај со неа.
Ако неочекувано те снашле животни неволји и тага го исполнила твоето срце, знај дека и тоа од Мене доаѓа. Јас сакам твоето срце и твојата душа да бидат секогаш пламени пред Моите очи, и да со Моето име ја победуваш секоја малодушност.
Ако веќе долго не добиеш вест од оние коишто ги сакаш и по својата малодушност паѓаш во очајание и ропташ, и тоа од Мене доаѓа. Преку патењето на твојата душа Јас ја испитувам јачината на твојата вера во Моето ветување и силата и снагата на твојата молитва за ближните, бидејќи не си ги препорачал на Покровот на Мојата Пречиста Мајка Богородица, ти не си ја препуштил грижата за нив на Мојата татковска љубов.
Ако те снајде тешка болест, привремена или неизлечива и прикован си за постела, знај дека и тоа од Мене доаѓа. Јас сакам да ти во своите телесни немоќи уште подлабоко Ме запознаеш. Сакам да не ропташ што ти е испратено искушение и да не ги испитуваш Моите недостижни планови за спасение на човечките души, туку со поверение да се препуштиш на Мене и да дојдеш под Моите крила.
Ако си фантазирал да направиш некое посебно дело поради Мене, а наместо тоа си паднал во болна постела и си изнемоштел, знај дека и тоа од Мене доаѓа. Кога си бил здрав си бил зафатен со твоите работи и твоите мисли биле далеку од Мене, сети се дека некои од моите најдобри соработници се оддалечиле од светските работи за да во мир непрестано се молат.
Ако неочекувано си повикан да превземеш некоја тешка и одговорна положба оди и прифати ја и потпри се на Мене, Јас ти ја поверувам таа задача; затоа те благословил Господ Бог Твој во сите твои дела и во сѐ што ќе правиш со своите раце. 
Денес ти го давам овој сад на светиот елеј, совет на Светата Животворна Троица, користи се со него слободно дете мое; за секоја тешкотија која ќе излезе, за секој навредлив збор којшто ќе го примиш, за секој метеж во твојата работа која би можела да те ожалости и обесхрабри, за секоја своја слабост и неспособност користи се со овој совет; помажи се со овој елеј, сети се дека:
СЕКОЈА НЕВОЛЈА Е БОЖЈА ПОУКА, прилика нешто да се научиш. Секоја острина ќе отупи за да не се повредиш. Поради тоа посади ги во своето срце зборовите коишто денес ти ги објавив, тоа од Мене доаѓа, бидејќи еве за тебе ова не е само збор, ова не е само збор, запамти, туку ова е твојот живот.
Tumblr media
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Text
Еднаш некој младич посетил некој аскет и му поставил многу прашања и приговори кои што ги имал на ум до години. Отецот не го игнорирал младичот, туку сочувствувал со него и долго време седеле толкувани му го зборот Божји за негово спасение. Конечно гледајќи дека младичот сè уште се противи и не ги прифаќа целосно неговите зборови, отецот му рекол: "Чедо мое можеби ова е прв и последен пат што се сретнуваме, кога следниот пат ќе дојдеш можеби ќе бидам мртов, но сепак Бог знае дека брз мака и корист разговарав со тебе и сѐ што ти кажав беше за твое добро и радост. Не барам ништо од тебе како што Христос не бара ништо од тебе. Совршениот Бог нема никаква потреба. Тој само ја бара нашата среќа. Сака да бидеш среќен како многу други. Тој те љуби и посакува да бидеш до Него како што таткото си го љуби своето чедо. Но сепак ти дава слобода да го одбиеш твојот Отец и Создател. Го прави ова бидејќи ја почитува твојата слобода и твојата слободна волја. Не сака да те присилува да бидеш близу до него како роб туку како слободно дете на Неговата благодат, како Негов брат, како Негов пријател. Ако му допуштиш ќе те посети и ќе се радува со тебе, ќе се всели и одмори во тебе. Тогаш ќе почувствуваш такво задоволство што ќе заплачеш од радост и среќа која што не си ја почувствувал од тогаш. Ќе му благодариш Нему и ќе го прославуваш. Но сепак ако го одбиеш, тоа ќе го прифати со горчливост. Нема никогаш да ти возврати со злоба. Ќе жали за твојата болка, за твоето страдање и осаменост, бидејќи си се одделил од него. Ќе застане од надворешната страна на влезот од твојата душа чекајќи те до крајот да се покаеш за повторно да те пречека со раширени раце. Затоа чедо мое прифати го ова што ти го кажував и ако сакаш за твое добро запамети ги моите зборови“.
Јеромонах Филотеј Светиот манастир Григоријат Света Гора, Атос Извадок од книгата „Борбата за Христа“
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Господи однесувај се со мене по Твојата волја без разлика дали сакам или не сакам.
Св. Никодим Агиорит
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Text
Иконографија и порнографија: два спротивставени светогледи
Tumblr media
„Светото Писмо, а исто и Отците потврдуваат дека Христос е икона на Отецот par excellence. Да се гледа Христос значи да се гледа Бога. А ова е особено точно кога Го гледаме Христа распнат и воскреснат. Токму во Неговата послушност на волјата на Отецот, преку Неговата доброволна крстна жртва за спасението на светот Христос го открива ликот Божји на созданието.“
http://agapi.mk/ikonografija-i-pornografija/
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро и доброто - зло, темнината ја сметаат за светлина, и светлината - за темнина, горчливото - за слатко, а слаткото - за горчливо!
Исаија 5,20
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Моли се како сè да зависи од Бог. Работи како сè да зависи од тебе.
Свети Августин
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Труди се на луѓето да им го правиш она за кое што на почетокот и ќе те колнат, но на крајот на краиштата ќе те благословуваат, но никогаш она за кое што на почетокот ќе те благословуваат но на крајот колнат. Царот Нерон на почетокот ја благословувал својата мајка, која го охрабрила на патот кон пороците, но на крајот на краиштата кога порокот го довел до неповратен амбис, тој ја колнел. Детето кое се санка на мраз ќе ти биде благодарно ако го туркаш, но кога ќе се слизне во пропаст, ќе те смета тебе за предизвикувач на својата несреќа и ќе те проколнува. Грешниците ќе те осипуваат со пофалби, ако ги правдаш нивните гревови, но не оди им блиску кога ќе бидат на смртна постела, кога ќе издишуваат.
Беседи Под Крстот, дел 1
0 notes
iskusenik-blog · 11 years
Quote
Пред секоја работа - домашна или службена, сеедно, не заборавајте дека вашата сила, вашата светлина, вашиот успех е Христос, и неговата жртва на Крстот; затоа без исклучок, пред започнувањето на секое дело, кажете: „Исусе, помогни ми! Исусе, просветли ме!“ На тој начин, во вашето срце ќе се одржува и уште повеќе ќе се разгорува живата вера и надежта во Христос, бидејќи Неговите сила и слава се вечни.
св. Јован Кронштатски
0 notes